Партиите конечно се договорија

by fokus

Американскиот амбасадор Џес Бејли попладнево соопшти дека четирите партии потписнички на договорот од Пржино денеска успеале да дојдат до решение. Сега партиите ќе треба да се соберат на лидерска средба до 31 август за да се договорат за имплементација на договореното и да одредат дата за изборите.

Договорено е 100 дена пред изборите да има нова преодна влада која ќе има задача да спроведе избори. Носењето на новиот спорен закон за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017, а новиот министер за внатрешни ќе има право да донесе само 15 кадровски измени.

Што се однесува до одредување на датумот за изборите, партиите ќе треба да го договорат до 31 август, а се шплекулира со  11 декември.

 

 

 

Поврзани новости