Партиите ќе потпишат Кодекс за ненасилство во 5 до 12

by fokus

Политичките партии денеска во 5 минути до 12 часот ќе го потпишат Кодексот за превенција од насилство за време на парламентарните избори 2016 година што го изработи Проектот „Превенција за време на избори 2016“.

-Партиите потписнички се обврзуваат да го почитуваат Кодексот за мирен изборен процес на престојните парламентарни избори на 11 декември, во периодот пред одржување на изборите, за време на кампањата, на изборниот ден и по завршување на изборите и да го отфрлат и да го осудат секое насилство. Покрај тоа, се обврзуваат да споделуваат информации кои се од значење за граѓаните вклучени во парламентарните избори, како и за соработка со државните институциите, сите политички партии, невладини организации и меѓународните организации вклучени во изборниот процес во насока на превенција од насилство на изборите, објаснува раководителот на проектот, Нелко Нелковски.

Кодексот се состои од пет принципи: мир, ненасилство, комуникативност, соработка и позитивно дејствување.

Поврзани новости