Партиите ја кројат преодната влада

by fokus

Преодната влада и интеграциите на министрите се главна тема на денешната рунда преговори меѓу претставниците на четири политички партии.

Иако во договорот од Пржино и во Законот за влада ова прашање веќе еднаш беше дефинирано, проблем е мандатот на преодната влада.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира за преодна влада 60 дена пред изборите, додека СДСМ бара доколку изборите се одржат годинава, владата да се формира 100 дена пред изборите. Ако, пак, се одржат заедно со локалните избори во 2017 година, СДСМ предлага извршното тело да функционира шест месеци пред денот на гласањето.

Проблем се и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, откако пред само десетина дена Собранието на министерот му ги намали надлежностите за кадровските прашања.

Четирите партии засега се согласни да нема трет избирачки список, туку 40.000 спорни гласачи да се проверуваат прво теренски, а потоа самите да се пријават во Државната изборна комисија. Ако не се пријават до одреден временски период, тие ќе бидат избришани.

Преговорите  во Пржино се очекува да траат до доцна вечерва.

Поврзани новости