Партиите го чекаат последниот рок за доставување на пратеничките листи

by fokus

Рокот истекува на полноќ, а досега само дел од партиите ги доставиле листите со пратеници до Државната изборна комисија.

Каолицијата за промени и правда и ПДП информираа дека ги доставиле кандидатските листи во ДИК, а останатите партии тоа ќе го сторат вечерва до полноќ.

Откако партиите ќе ги достават листите , ДИК има рок од 48 часа да ги разгледа и да укажат на можните неправилности.

Најголем дел од партиите ги објавија своите кандидати, а ВМРО ДПМНЕ најверојатно тоа ќе го направи утре на голем партиски собир.

Поврзани новости