Партиите до ДИК треба да достават извештаи за трошењето на парите во кампањата

by Fokus

Политичките партии до полноќ треба да ги достават финансиските извештаи за трошењето на парите во првите десет дена од изборната кампања, а финалните финански извештаи треба да ги достават во рок од три месеци по завршувањето на изборите.

Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и за расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

Извештајот, исто така се доставува и до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Поврзани новости