„Парни ваљак“ ќе ги забавува скопјани за Нова година

by fokus

Една од најголемите југословенски поп-рок групи, хрватскиот рок бенд „Парни ваљак“, предводен од легендарниот Аки Рахимовски за Нова година во Скопје ќе ги испее вонвременските хитови со кои израснаа многу генерации во Македонија и во регионот.

Ова го истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој најави дека новогодишната ноќ во градот ќе биде посебна за него.

„Мојот драг пријател Аки со задоволство ја прифати оваа понуда. Имајќи предвид дека тој долго време живеше во Скопје и дека овој град има посебно место во неговото срце, со сигурност можам да кажам дека новогодишна вечер во нашиот главен град ќе биде посебна за него и незаборавна за сите нас – најави Шилегов.

Фото – Јанко Рат

Поврзани новости