Парламентот ќе расправа за новата влада, гласањето утре на полноќ

by Fokus

Македонскиот парламент денеска ќе ја почне расправата за составот и програмата на новата влада чиј мандатар е претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

За изборот на новата влада пратениците треба да гласаат најдоцна до среда на полноќ, а за неа треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание. Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.

Поврзани новости