Парламентот го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на акцизата

by fokus

Владејачкото мнозинство го одби предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се укине зголемувањето на акцизата на дизелот, како и би се намалила и цената на горивото. На денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, предложи на дневен ред да се стави предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, велејќи дека приоритет број еден на владејачкото мнозинство треба да биде стандардот на граѓаните

-Има серија индикатори дека зголемувањето на акцизата е на штета на грѓаниите, влијае на бизнисот, на индустриското производство, на транспортот, на цените во малопродажбата. Најбитно е влијанието врз стандардот и квалитетот на живот на граѓаните. Оваа акциза апсолутно никаде не ја ветивте во предизборниот период – рече Данев.

Според него, во 2017 година за 1.000 денари можеле да се купат 21 литри дизел гориво, додека во 2018 година само 16 литри.

И покрај тоа само 29 пратеници гласаа за овој предлог да се стави на дневен ред, 56 пратеници беа против.

Поврзани новости