Парламентот денеска во 12 часот ја продолжува седницата, на полноќ се гласа новата влада

by Fokus

Парламентот денеска во 12 часот ќе ја продолжи вчера започнатата расправа за новата влада предложена од мандатарот, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Прв говорник ќе биде Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според деловникот,  вечерва на полноќ треба да се гласа за владата, а  за нејзин избор треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник. Партиите од владината коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Собранието имаат поддршка од 62 пратеници.

Поврзани новости