Парламентарното мнозинство е подготвено да ја претстави програмата на новата влада

by fokus 09:54
09:54

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов Програмата на новата Влада и тоа ќе го направи, информираат социјалдемократите утрово.

„Врвен интерес на граѓаните е претседателот Ѓорѓе Иванов да постапи согласно Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат за цел обид за заштита на Никола Груевски од правдата и веднаш да го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев“, порача денеска СДСМ.

Граѓаните, општините, институциите, потсетува СДСМ, имаат потреба од итна стабилизација на државата. Секое спречување на мирен трансфер на власт и секое попречување на легитимното парламентарно мнозинство да формира Влада е противуставно дело кое е казниво со закон. Укажуваме дека е неопходно сите да се вклучат во демократските процеси за напредок на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости