Паркирал камион да истовари стока, па истиот го прегазил и починал

by fokus

Во текот на вчерашниот ден во село Скудриње се случила несреќа, откако 57-годишен жител на селото бил поклопен од сопствениот камион, откако го паркирал со намера да истовари стока за касапница.

„На 23.06.2019 во 12,30 часот било пријавено дека во с.Скудриње, починал И.Е.(57) од с.Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости