Париз ја поздрави храброста и решеноста на Заев и Ципрас

by Fokus

Ден по гласањето во грчкиот Парламент за Договорот од Преспа продолжуваат признанијата од меѓународната заедница до властите и граѓаните во Македонија и Грција за решавањето на повеќедеценискиот спор меѓу двете земји.

-Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век. Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев. Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа, се вели во писмената изјава на францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан ив ле Дриан.

Поврзани новости