Парите за обештетување од поплавите ќе се покриваат со ново задолжување

by fokus

Владата ќе направи нов ребаланс на Буџетот за да се одвојат пари да се покријат штетите на граѓаните кои беа погодени од поплавите. Процентката е дека за таа цел ќе бидат потребни 32,5 милиони евра, за кои Владата ќе направи ново задолжување.

-Се работи за ангажирање на средства коишто сега ни се на располагање, а кои понатаму ќе ги надоместиме со средства од меѓународни институции под многу поволни услови, објасни премиерот Емил Димитриев.

Како што рече Димитриев, ребалансот на буџетот најбрзо што може ќе биде доставен на разгледување во Собранието.

Поврзани новости