Пари за „Медена земја“ има, информираше Спасовски

by fokus

Јас, посебно не можам да ги сфаќам сериозно сите изјави и информации кои што доаѓаат од политичките партии, просто поради тоа што имаме предизборен период, па секој сака да си каже тоа што на него мисли дека му одговара.

Ова го истакна на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со написите, кои излегоа во некои медиуми дека во Министерството за култура немало пари за „Медена земја“ и оти бил прозван од партијата Алтернатива.

–  Ве информиравме дека на минатата седница на Владата е донесена одлука во којашто е утврдено добивање на финансиски средства за секој член од тимот на „Медена земја“ како награда, по седум илјади евра за секој од членовите, рече Спасовски во Влада на распишувањето на тендерот за ЈПП за голема фотоволтаична електрана во осломеј врз стариот рудник.

Спасовски информира дека се одвоени посебни финансиски средства за тие кои што го поддржале целиот проект, посочувајќи дека двете номинации за Оскар се многу значаен и сериозен успех за нашата држава.

Поврзани новости