„Пари” и „апси” најчести зборови во прислушуваните разговори

by fokus

Прислушуваните разговори или „бомбите” се полни со турзицми и уличен говор, покажа  првата лингвистичка анализа на прислушуваните материјали, што денеска ја презентираше академик д-р Виктор Фридман од САД, еден од најзначајните слависти во светот и проучувач на македонскиот јазик.

Во истражувањето биле разгледувани 130.000 зборови, кои биле дел од прислушуваните материјали.

Анализата покажува дека зборовите „пари”, „апси”, „уапси”, „глуп”се најчести зборови кај политичката елита.

-Елитата од бомбите може да се смета како македонски двор од 21 век, кој исто како оној на ‘Тартиф’ од 17 век сака барок, но зборува разговорен јазик, полн со турцизми. Најчесто употребуван збор е пари – 110 пати, и апси, уапси – 13 пати, што со оглед на содржината на разговорите на бомбите не треба да зачудува. Исто така шампион е зборот глуп, кој се користи 50 пати – рече д-р Фридман.

Во текстот на „бомбите„ излегува дека „будала„ е во јака конкуренција со „идиот”, кој се среќава со истиот број појавувања. Друга модерна заемка ‘морон’ се појавува четири пати, но сепак ‘глуп’ победува со педесет примери, вели лингвистот.

Инаку, Фридман, направил анализа и споредба на вокабуларот употребен во „бомбите“ со тој во делото од Крсте Мисирков, „За македонцките работи“.

Фридман особено се задржал на турцизмите бидејќи македонските говорители ги употребуваат за неформална комуникација, односно се дел од уличниот говор. Тој забележал дека во бомбите има 3 пати повеќе турцизми отколку кај Мисирков – 82 со 2.555 примери.

Фото: Мета.мк

Поврзани новости