„Паразит“ го доби оскарот и за најдобар филм

by fokus

Во театарот Долби ноќеска се оддржа 92-то издание на Оскарите во Холивуд, Лос Анџелес. Ова се позначајни победници на Оскарите:

За најдобар филм: („Паразит“).

Во најдобра режија, Бонг Џун Хо („Паразит“).

За најдобра женска улога – Рене Зелвегер („Џуди“).

За најдобра машка улога – Хоакин Феникс („Џокер“).

За најдобра споредна женска улога – Лора Дерн („Брачна приказна“).

За најдобра споредна машка улога – Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“).

За најдобар документарец, („Американска фабрика“).

За најдобар странски филм – („Паразит“).

Хитот „Паразит“ е црна комедија за класните разлики во јужнокорејското општество. Раскажува за сиромашно семејство кое со измами и интриги се вовлекува во домот на богати сограѓани во Сеул. „Паразит“ е меѓу филмовите со најголема заработка во националната кинематографија.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов не освои Оскар, иако претходно, доби две номинации, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е прв македонски филм со претходни две номинации за Оскар, со што „Медена земја“ испиша историја во македонската кинематографија.

Поврзани новости