Паралелно со потпишувањето на договорот најавени протести и во Македонија и во Грција

by Fokus

Паралалено со потпишувањето најавени се протести во двете земји. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува протестен марш во Битола против промена на уставното име, а протести се најавени на грчка територија во Преспа, како и во Атина, каде се протестира уште од четвртокот, кога почна расправата во грчкиот Парламент за недоверба на Владата на Ципрас, но и за договорот за името.

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ најавија за денеска протест во Преспа за време на потпишувањето на договорот. Преку туристички агенции, организиран е автобуски превоз од многу градови во Северна Грција, а цените се од пет до 15 евра во зависност од локацијата.

Поврзани новости