Папазовска заработи кривична пријава за злоупотреба на 8 милиони денари

by Фокус 14:37
14:37

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Ленче Папазовска, и уште едно лице со иницијали С.М. во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на интернационална стопанска комора за злоупотреба на службена положба.

„Л.П. искористувајќи ја својата службена положба како претседател на Институтот, потпомогната од второпријавениот С.М., во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница со цел да се стекна со противправна имотна корист за себе и за други физички лица на 2 јануари 2017 година склучила Договор број 0307/001 со ИСК Македонија, врз основа на кој Договор во повеќе наврати од банкарската сметка на Институтот префрлила парични средства на сметката на ИСК Македонија, по основ на фактури, во вкупен износ од 9.777.300,00 денари. Паричните средства потоа се исплатувале како надомест на поголем број физички лица, сите членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители, без истите лица да извршат какви било услуги за потребите на комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители. На овој начин во текот на 2017 година, од страна на ИСК Македонија, исплатени се вкупно 7.994.00,00 денари, на поголем број физички лица, на име надомест за подготовка на обуки, надомест за консултанти ангажирани за експертиза од областа на даноците и сметководството, како и презентациски способности, за кој износ пријавените го оштетиле Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“, соопштија од финансиската полиција.

- Advertisements -

Од таму посочуваат дека пријавените договорат за експертиза го склучиле на подолг временски период, односно до 2021 година, сметајќи дека интересот за посетување на обуки од страна на сметководителите е голем и задолжителен и со тоа постојано ќе можат да се црпат средства од Институтот.

Поврзани новости