Папата Франциск се појави во јавноста првпат по пет недели

by Fokus

Папата Франциск се појави јавно првпат по повеќе од пет недели, мавтајќи со раката од балконот во болницата „Гемели“ во Рим, пред да ја напушти установата.

Франциск (88) беше примен на лекување на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која стана најсериозната здравствена криза во неговото 12-годишно папство.

Лекарите рекоа дека ќе биде потребно уште „многу време“ за целосно заздравување и рекоа дека му препишале уште два месеци одмор во Ватикан.

Франциск се појави на балконот во болницата користејќи инвалидска количка, се насмевна и им одпоздрави на групата добронамерници собрани надвор.

Лицето на папата изгледаше отечено, зборуваше кратко, со слаб глас.

Поврзани новости