Пападопулу: Лично ќе присуствувам на протестот против употреба на терминот Македонија

by fokus 17:26
17:26

Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада.

Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина.

- Advertisements -

-Протестите можат да помогнат во еден преговарачки процес. Протестите навистина го покажаа патриотизмот на Грците, душата на Грците и желбата на Грците и на Гркинките да не се користи терминот Македонија или изведените зборови за Скопје, рече Пападопулу и додаде дека на собирите имало луѓе од сите возрасти, од сите општествени степени и од различни професии.

Гостувањето во утринска информативна емисија на грчката телевизија Скај, го искористи уште еднаш да го повтори ставот на Независни Грци дека нема да поддржат име со терминот Македонија.

-Она што ние како Независни Грци велиме е дека не можеме да прифатиме употреба на име со терминот Македонија или изведените зборови за Скопје, рече портпаролката на Независни Грци,, јави дописникот на МИА од Атина.

Поврзани новости