Папа Франциск: Запрепастен сум од насилството во САД

by Fokus

Папата Франциск денеска изјави дека е „запрепастен“ од нападот на демонстрантите врз американскиот Конгрес, кој беше извршен на почетокот на неделава од приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп и го осуди насилството, кое тој го нарече напад врз демократијата.

– Бев запрепастен, бидејќи тоа се луѓе кои се толку посветени на демократијата, рече Папата за италијанската телевизија Канал 5.

Според него, „секогаш нешто оди наопаку … кога луѓето работат против заедницата, против демократијата, против општото добро“.

На неодамнешните настани во Вашингтон реагираа и бројни светски официјални лица на социјалните мрежи, кои главно велеа дека се изненадени, загрижени и шокирани од тековните настани, давајќи му поддршка на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Поврзани новости