Папа Франциск: Детскиот труд е ропство

by fokus

Детскиот труд е ропство кое ги лишува девојчињата и момчињата од нивното детство, изјави денеска папата Франциск и ги повика владите да влијаат за да се запре овој феномен.

Како што рече папата, во оваа сегашна здравствена состојба, во многу земји девојчињата и момчињата се принудени да вршат работи што не одговараат на нивната возраст, за да им помогнат на нивните семејства кои се крајно сиромашни, пренесува АНСА.

– Во многу случаи, тоа е форма на ропство и притвор. Ги повикувам институциите да направат сè што можат за да ги заштитат малолетните лица, рече поглаварот на Римокатоличката црква.

Поврзани новости