Пановски: Народот се опушта, од здравствен аспект би ги затворил рестораните!

by Fokus

Микробиологот Никола Пановски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“, говореше за ширењето на британскиот вид на корона вирусот во Македонија. Како што истакна тој, не очекува дополнителни рестриктивни мерки.

„Секогаш кога бројките паѓаат, народот се опушта. После тоа му треба некој шок за да се свести и се надевам дека нема да дојде до многу полоша состојба. Смета дека два метри физичка дистанца е малку, треба да биде повеќе. Од здравствен аспект би ги затворил рестораните, а за казината и обложувалниците не би размислувал ни две минути. Сепак, економски тоа не е изводливо“, рече макробиологот.

Поврзани новости