Пандов го „исвирка“ Петар Богојески

by fokus

Еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, кој подоцна влезе во раководните структури на партијата и стана заменик на генералнот секретар, Игор Јанушев, го осуди инцидентот на Мечкин Камен во Крушево, кога владина делегација беше нападната од група хулигани, кои за време на свеченоста извикуваа погрдни зборови кон Албанците.

„Токму на тоа место, имавме гостин од САД, г-дин Метју Палмер, еден од највисоките гости кој воопшто го посетиле Мечкин Камен во историјата на чествувањето на Илинденското востание, кој дојде да се поклони пред коските на хероите на Илинден, дирекно да ја поткрепи македонската државност, македонската Република! Да покаже почит кон македонската историја… тој е претставникот на нацијата која прва го признала правото на самоопределување и државност на македонците! Наместо пречек достоен за домаќински народ, благодарен народ, организиран по строг протокол… ние манифестиравме срам пред лицето на целиот Свет. Срам и арам! За секој нас Македонец, а посебно за секој нас крушевчанец…  Ова поведение дирекно ги урива темелите на Република Македонија, дирекно гази врз коските на Илинденците! Жалам што македонската држава, во сите овие години наназад, дозволи нашите деца да бидат отруени од лажни вести и пропаганда, да бидат оставени сами на себе, да бидат злоупотребени од туѓи бели дворови!  Вината не е кај децата, вината е во системот! Ова не е патриотизам, ова е кукавичлук и антимакедонски чин! Осудувам во целост вакво однесување и очекувам конечно еднаш некој да ја преземе вината!!!“, напиша Богојевски на својот фејсбук профил.

Поради ваквиот став Богојевски беше „исвиркан“ од еден од апологетите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, кој побара партијата да го исфрли од своите редови. Пандов го оправдува однесувањето на хулиганите, велејќи дека претставува автоматска реакција на потпишаниот Договор со Грција.

„Секој отпор и протест на народот против тиранијава, за оваа спогодба е реакција на “Рубља патриоти” и државни непријатели. Како да коментира реформаторов кој е роден во Крушево, а за 2-август кога е преполно со народ не може да си оди дома, пошто ќе помине исто како и избраниците на Заев?  Не сум нешто посебно сигурен дека со неговите статуси, колумни и тв настапи му помага многу на Заев и заевистите, но сигурен сум дека многу му штети на ВМРО-ДПМНЕ! Од тука тврдам дека е крајно време овој “долар патриот” биде изногиран од партијата“, напиша Пандов.

 

 

Поврзани новости