Пандорината кутија на Боки 13 се “отвара” зад затворена врата, јавноста исклучена од судењето за “Рекет”

by fokus 13:10
13:10

Иако обвинетата Катица Јанева и Бојан Јовановски вчера на судењето за “Рекет” инсистираа јавно да бидат презентирани снимките кои ги обезбедил Зоран Милевски Кичеец, сепак на денешното рочиште судијката Васка Николовска Масевска одлучи една снимка да се слуша зад затворени врати.

Предлогот за исклучување на јавноста го даде обвинителката Вилма Русковска, бидејќи во снимките имало и приватни разговори, а судијката го прифати предлогот.

- Advertising -

Денеска јавноста не беше во можност да ги слушне реакциите на Јанева и Јовановски, бидејќи веднаш мораше да ја напуштат судницата.

Јанева вчера тврдеше дека во овие снимки лежи нејзината одбрана, зошто јасно се слушало кој на кого нудел поткуп.

Јавноста да слушне се инсистираше и Јовановски, кој велеше дека иако ќе се наруши неговата приватност, сепак ќе се отвори и Пандорината кутија.

Овие тонски снимки, тајно ги снимил Кичеец, а во негово друштво биле Боки 13, Ана Камчева и адвокатот Васил Димишков.

В.В.

Поврзани новости