Пандев со својот 100-ти меч, Седлоски: Се радувам за него, долго време му бев капитен и ги слушаше моите совети

by fokus 13:29
13:29
Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Џенова, Горан Пандев вечерва на мечот против Летонија ќе го одигра својот 100-ти натпревар во националниот дрес.
Некогашниот капитен на репрезентацијата, Гоце Седлоски се радува што во „Клубот 100“ ќе дојде и популарниот Гранде Пандев.

„Драго ми е што мојот рекорд со настапи во репрезентацијата го стигна еден таков фудбалер како Пандев. Воопшто не е лесно да се одиграат 100 натпревари за репрезентацијата. Јас долги години му бев капитен и секогаш ги слушаше моите совети. Се радувам за него и за неговите успеси на репрезентативен и на клупски план, каде освои се што можеше да се освои“, вели Седлоски за ФФМ.
ФОТО – ФФМ

 

Поврзани новости