Пандев: Сакам да ја завршам кариерата со пласман на ЕП со Македонија

by fokus

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев во интервју за „Газета дело Спорт” зборуваше за плановите за својата иднина.

Репрезентативецот на Македонија, кој настапува за Џенова, вели дека посакува да игра уште една сезона, а голема желба му е да обезбеди пласман на Европско првенство со националниот дрес.

– Би сакал да играм уште една година. По можност тоа да биде во Џенова, но ако тоа не се случи, ќе барам нов клуб. Сакам и да ја завршам кариерата со пласман на Европското првенство со Македонија, вели 35-годишниот напаѓач.

Во однос на пензионирањето, тој вели дека се уште не го напуштила желбата за играње фудбал.

– Ентузијазмот е тука и сакам да се радувам на победите, без разлика дали натпреварите се официјални или пријателски. Знам дека на 35-годишна возраст не можам да играм често и логично а почесто да бидам на клупата, но тоа не ми пречи. Да ми пречеше, ќе се откажев од фудбалот, вели Пандев.

Фото – Calciomercato

Поврзани новости