Пандев: Посакувам со Македонија да се пласираме на ЕП!

by fokus

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми истакна дека посакува опстанок со Џенова во прволигашката конкуренција во Италија, но и пласман со Македонија на Европското првенство.

„Моја желба со Џенова е да избориме опстанок и секако со Македонија да се пласирам на Европското првенство. Натпреварот со Косово ќе биде еден од најважните натпревари во кариерата“, изјави Пандев.

ФОТО – ФФМ

Поврзани новости