Пандев оптимист: Зошто да не направиме чудо против Германија?

by Fokus

Вечерва со почеток од 20:45 часот Македонија гостува кај Германија во квалификациски меч за СП 2022. Противникот е огромен фаворит, но сме покажале и претходно дека можеме да ги изненадиме и најдобрите.

„Добро знаеме со кој играме, чест е да се игра со ваков противник. Знаеме каков квалитет има Германија и не треба поголем мотив за да се игра против нив. Во минатото покажавме дека можеме да се носиме со големи селекции, а мислам дека и Германија знае дека не сме селекцијата од пред пет-шест годинии, знаат со каков квалитет располагаме ние, очекувам претпазливо да влезат во мечот. Тие се фаворити, но ова е фудбал, зошто да не се случи чудо“, вели Пандев.

Поврзани новости