Панчо Минов откри како изгубил 26 килограми: Ослабев со специјална диета, а не од трчање по партии!

by fokus 17:19
17:19

Панчо, Минов од Кавадарци, кандидат за пратеник на ВМРО, деновиве е повторно топ тема во Тиквешијата. Овојпат не се работи за неговите политички ставови со кои често е во центарот на вниманието, туку за неговата неверојатна диета.

Кавадарчани, изненадени од неговиот нов изглед, односно од драстичното намалување на килограмите, во свој саркастичен стил коментираат дека најверојатно ослабел од премногу трчање – „од една партија во друга“, но Минов тврди дека вистината е сосема поинаква“.

- Advertisements -

15319468_10211051178899122_2065220410_n
,,Какво трчање од една до друга партија, не сум од оние кои што имаат време за било какво трчање. Вистината е во диетата и во тоа дека конечно си посветив доволно внимание на себе и на своето здравје, повеќе од една година внимавам како се хранам. Јадам буквално се, на моето мени има и скара, но значително ги намалив порциите. Се хранам редовно, значи неколку помали порции на ден, а навечер не вечерам. Како што кажав, време за трчање немам, ама затоа си пешачам. Исто така, наутро одвојувам неколку минути за гимнастика, склекови… Горд сум што успеав од 136 килограми да дојдам до 110, намалувањето на тие 26 килограми значи многу за моето здравје. Ќе продолжам со истото темпо, се чувствувам многу подобро откако намалив на тежина“, вели Минов.

Тој дури два пати беше градоначалник на Кавадарци, два пати пратеник во Собранието на РМ, и еден мандат советник. Членуваше и коалицираше со ЛП, СДСМ, ГРОМ и сега со ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради тоа кавадарчани, а посебно членови на ВМРО – ДПМНЕ Кавадарци, негодуваа поради неговата четврта добитна позиција на кандидатската листа за пратеници.

,,Сите што коментираат околу тоа која е всушност мојата партија, треба да знаат јас секогаш сум бил и ќе бидам од партијата на граѓаните на Кавадарци. Секогаш сум тука за народот и посебно за лозарите“, тврди Минов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости