Панчевски: Во животот сум украл само едно количе од градинка!

by fokus

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски ги отфрла обвинувањата дека имал криминално досие, отворено уште во средношколските денови.

-Се сеќавам во градинка еднаш украдов едно количе. Можеби и тоа ќе излезе во јавноста. Што да кажам…на човековата глупост и нема крај!– вели Панчевски во изјава за Фокус.

Инаку, порталот А1он тврди дека поседува документи за досие на Панчевски, според кои претседателот на судот учествувал во улични кражби на радија, мегафони и решоа. Според порталот, Панчевски последен пат го дополнил досието пред 11 години, за дело  „насилство”.

На прашањето на Фокус за ова дело, Панчевски рече: Немам намера да коментирам поединечно за сите обвинувања. Кажав што имам да кажам.

И.К

Поврзани новости