Панчевски: Се плашам за личниот живот

by fokus

Судијата Владимир Панчевски во интервју за „Алсат-М“ за себе зборуваше во трето лице и рече дека е со чиста совест, но и дека се плаши за личниот живот.

-Незаконитата процедура на крај заврши со кражба на клуч, што се гледа од снимката од видеонадзорот што го доставив до медиумите. Снимката е таа, може да ме распнат, да ме судат и да ме осудат. Панчевски е со чиста совест за сè досега, како претседател на Основниот суд Скопје 1 и како судија во тој суд. Сум постапувал секогаш чесно, во согласност со закон и никако поинаку. Генерално, морам да кажам дека се плашам за личниот живот повеќе, со овој мрак на правдата. Не е битно дали ќе водат постапки за Панчевски, Панчевски е веќе осуден и лежи казна затвор во нечија глава. Тие ќе ги реализираат своите намери и слободно можат да ги реализираат, јас сум со чиста совест и не се плашам, вели Панчевски.

Прашан дали ги предупредил обвинителите на СЈО дека има видеонадзор и околу законитоста на снимањето, Панчевски вели дека тој не бил должен да предупредува за тоа.

Поврзани новости