Панчевски: При претресот од СЈО ми го украдоа клучот

by Fokus

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски тврди дека при претресот во неговиот дом, истражител од Специјалното јавно обвинителство му го украл клучот. Тој со дел од медиумите сподели видео снимка од неговиот дом во периодот кога истражителите вршеле претрес.

– Клучот е оставен на масата и лицето чека поволен момент. Дали може некој да ја гарантира мојата безбедност и на моето семејство кога службени лица се однесуваат вака – изјави Панчевски.

Пред два дена, истражители на СЈО извршија претрес во неговата канцеларија и во неговиот дом.

Поради тајноста на постапката специјалната обвинителка Катица Јанева не откри детали за истрагата, но сепак како што неофицијално дознава „Фокус“ од свои извори, СЈО се сомнева дека од Кривичниот суд протекле службени тајни информации кои стигнале се до претседателската вила на Водно, поточно до претседателот Ѓорѓе Иванов.

Според шпекулациите, СЈО наводно се сомнева дека преку Панчевски претседателот Иванов ги дознал имињата на осомничените и сведоците на СЈО, кои требало во таа фаза да се чуваат во тајност.

Поврзани новости