Панчевски: Не сум местел предмети, ќе поднесам кривични пријави за обвинителите од СЈО

by fokus

Екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, во интервју за АЛСАТ-М, негираше дека местел предмети во скопска Единица и оти имал увид во АКМИС системот директно од неговиот дом.

Претресот на СЈО го окарактеризира како брутален и надвор од закон. Му одземале насилно два телефони, а врз него била применета и прекумерна сила од страна на полициските слижбеници кои ги придружувале истражителите на СЈО.

Вели дека е подговтен и кривично да одговара за снимката од видео надзорот од неговиот дом, за која што вели дека е доказ за незаконското постапување на тимот на СЈО предводен од Катица Јанева.

Посочи дека бил најбрутално омаловажен во Кривичниот суд кога го претресувале него лично. Најави кривични пријави за сите инволвирани, во како што вели, незаконското постапување на специјалните обвинители.

Поврзани новости