Панчевски му поднесе контра кривична пријава на судијата Џолев

by fokus 17:04
17:04

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска бил на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по поднесената кривична пријава од судијата Иван Џолев, кој го обвинува за влијание. Од Кривичниот суд информираа дека Панчевски ги отфрла обвинувањата и му поднел кривична пријава на Џолев за „Лажно пријавување на кривично дело“.

-Во насока на транспарентно информирање во однос на кривичната пријава поднесена пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на судијата Иван Џолев против претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје  Владимир Панчевски, за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст.3 во врска со ст.2 од КЗ Ве информираме дека во текот на денешниот ден претседателот Владимир Панчевски официјално е повикан да се јави во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со наводите во кривичната пријава, се вели во соопштението на судот.

- Advertisements -

Оттаму го пренесуваат и ставот на претседателот Панчевски, во врска со поднесената кривична пријава.

– По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривичнодело „Лажно пријавување на кривично дело“ во смисла на чл.366 ст.1 од КЗ за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од чл.359 од КЗ за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело, вели Панчевски.

Судијата Џолев кривичната пријава против Панчевски ја поднесе пред една недела,  поради кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“.

Поврзани новости