Панчевски ја тужи Катица Јанева

by fokus

Судијата Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и против претседателката на Основниот суд во Гевгелија, Злата Попова, која го издададе налогот за претрес во неговиот дом.

Според кривичната пријава на Панчевски, Јанева и Попова дека по претходен договор ги пречекориле своите службени овластувања и го прекршиле законот со издавањето и со спроведувањето на наредбата за претрес на стан во Скопје, во врска со предистражна постапка што ја води Специјалното јавно обвинителство.

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд во пријавата тврди дека при претресот му била нанесена материјална штета, односно незаконски му биле одземени повеќе електронски апарати и други предмети во вредност од околу 300.000 денари (околу 5.000 евра), а му бил, како што вели, украден и клучот од станот.

Поврзани новости