Панчевски изнесувал документи од судот

by fokus

Иако му истече мандатот како претседател на Кривичниот суд и во моментов е на годишен одмор, Владимир Панчевски денеска се појавил на работа и земал документација, јави Макфакс. 

Вработените биле изненадени од посетата на Панчевски и не знаеле зошто експретседателот е дојден во судот.  Судски извори за Алсат-М, брифираат дека Панчевски го барал документот со кој минатиот месец дал унапредување на службеник на повисока позиција,а за кое вработените во судот бараа поништување на одлуката.

Една од кривичните пријави за Владимир Панчевски пак, е поврзана со незаконско унапредување.

Од судот ниту потврдија ниту демантираа дека Панчевски бил во судот. Инаку, неговиот мандат истече во неделата, а за в.д. претседател на судот е назначена судијката Татјаана Михајлова.

Поврзани новости