Панчевски: Го молам Тортевски да ми даде број од бајачката

by fokus 21:48
21:48

Го молам Тортевски да ми даде број од бајачката или барем од неговиот психијатар, знам дека долги години се лечи од депресија, го гледавме како плаче на телевизија пред години. Mило ми е што е подобар психички, реагира Владимир Панчевски, претседателот на Кривичниот суд на денешната изјава на адвокатот Александар Тортевски, дадена за „Фокус“.

„Ако нема пари за да си купи перница јас ќе му купам да се смири. Се збори дека хонорарот за перница од СЈО уште не му го исплатиле“, вели Панчевски во реакцијата.

- Advertisements -

Адвокатот Тортевски и судијата Панчевски влегоа во дуел откако вчера судијата Иван Џолев обелодени дека ќе тужи колега поради кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“. „Фокус“ објави дека кривичната пријава на Џолев е против Панчевски.

Потоа, Панчевски објаснуваќи дека не му е јасно за што станува збор, оцени дека обвинувањата се неосновани и рече дека доаѓаат од  „таканаречени експерти“, дирекно прозиваќи го адвокатот Тортевски.

Поврзани новости