Паметните табли Smart Boards преку „Унет“ достапни и во Македонија

by Фокус 10:26
10:26

Македонија во чекор со светскиот развој на интерактивната комуникација: паметните табли Smart Boards преку „Унет“ достапни и кај нас!

Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, отсекогаш се движи паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на интересите и отвореноста на пазарот за напредни технологии. Од неодамна ина македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards.

- Advertisements -

30-540x403

Паметните табли (Smart Boards) се канадски производ кои го освоија светот поради мултифункционалноста што ја нудат.

Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла. Со овие карактеристики, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино.

39-540x303

Увозник и застапник за Македонија е компанијата „Унет“, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации. Анета Антова Пешева, генерална директорка на „Унет“, објаснува дека Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред – правец во кој треба да се движи и Македонија.

– Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар – смета Пешева.

Повеќе информации за Smart Boards:

SMART Boards Video

 

Поврзани новости