Паметник за Ванхауте, рап прст за крстовите и орлите

by Фокус

Пишува: Кирил Ефремовски

Скоро секогаш кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ сака да продаде нова доза тежок национализам со цел да прокнижи краторочен политички бенефит, тоа го прави злоупотребувајќи верски и национални симболи и чуства на верниците и граѓаните. Има бројни сведоштва од минатото за таквите потези кои произлегуваат баш од таа страна на Стратешкиот план на демохристијанската партија, а кои пак планови ревносно ги супституираат и надоградуваат од коалицискиот ДУИ. Блиската историја ни покажува и дека во таквите партиски сценарија ултра-националистичкиот Светски македонски конгерс на Тодор Петров, секогаш е на располагање за реализација на плановите практично и на терен. Оние пак „благочестивите од МПЦ“ кои се фотографираат со црвено вино и скара во период на строг пост, веќе одамна не се книжат како фактор, ами како статисти кои дебело наплаќаат за целосно и успешно спроведување на планот на дил ориентед пастирите, кои пак се збогувале со духовноста и спиритуализмот уште кога за прав пат го ставиле својот потпис на државниот буџет.

КОЈ ПРВ ПОЧНА

Поставувањето на прашањето кој почна прв, кој има поголема вина – ДУИ со поставувањето на двоглавиот орел во населбата Топанско поле или пак СМК и Тодор Петорв, за поставувањето на ортодоксниот крст во населбата Бутел, е второстепено. Постапките и ценариото кои претходеа и на двете изведби во минатите десетина дена, покажаа дека одлуките во прв ред се тесно-партиски и цел по кој знае кој пат да си поиграат со чуствата на граѓаните. Тие се обидоа да го дефокусираат јавниот интерес и внимание и, овозможат одреден бенефит на владеачките партии в очи на предвремените избори на 5-ти јуни. Одговорни и сензибилизирани политичари, а какви што нашиве не се, во политичко миље како македонското, ниту на крајот од паметот не би се дрзнале да дозволат политички одлуки кои ќе доведат до зголемување или продлабочување на анимозитетот помеѓу граѓаните кои живеат во тие мултиетнички и колоритни средини на Скопје. И покрај тоа што многу лекции научивме по 2001-ва, а граѓаните барем по тоа прашање за мутиетничност и соживот станаа посвесни, никогаш не треба да се потценат чуствата и раните на оние кои загубија многу или се’ тогаш и, уште помалку пак да се манипулира со нивните емоции сега. За среќа, лошото и провидно сценарио за орелот и крстот само потврдија дека коалицијата на ДУИ и ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од таквите планови и манипулации со сопствените поддржувачи, како би добивале одредени политички поени и во иднина. Без оглед на средствата кои мораат да ги употрбуват, а првенствено поигрувајќи си со недвојбени чувства како верска припадност, патриотизам, идентитетски и културни симболи, ДПМНЕ и ДУИ и понатаму ќе „ги продаваат“ таквите сценарија, се до оној момент додека има граѓани или поддржувачи кои сценаријата ќе им ги купат. Она што сепак после радува после настаните во саботата, е дека поради свесноста и научените лекции

на најголем дел од граѓаните од една страна, и волунтаризмот и провидноста од друга, тие планови на овие две партии тешко дека во иднина така лесно ќе поминуваат.

ДЕФОКУСИРАЊЕ СО НАЦИОНАЛИЗАМ

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски поради одвивањето на политичкиот процес за излез од кризата, стабилизирање на општеството, демократизација и враќање на државата на вистинскиот правен колосек наречен Пржински договор, се соочуваат со постојани отстапки и ретерирања на ставовите, сега им требаше нов вид на “издувен балон“ преку кој барем привремено ќе го наосочат гневот и разочараноста на сопственото членство и сипматизери. Токму за тие потреби, преку Светскиот македонски конгрес тие го одбраа ценариото со поставување на уште еден крст, а можеме да претпоставиме дека во неделите кои доаѓаат вакви и слични сценарија и иницијативи дополнително ќе следуваат, само актерите и субјектите ќе бидат навидум поразлични. Не поразлично од нив и коалицискиот партнер на Греувски – Али Ахмети, соочен со пад на поддршката кај членството повторно мораше да употреби потег со поставувањето на двоглавиот орел, преку кој привидно ќе оправда дека водството на албанската партија не заборавила на сите жртви и сета борба која нејзините подржувачи и ги имаат подарено ДУИ за се уште да бидат онаму каде што се. И во таквото сценарио помалку е важно дали први биле албанците или македониците. Важно е да се истакне дека таа идеа доаѓа од ист ценар и нема никаква друга цел освен да им ги заврсти рејтинизите и позициите во полтички хабитуси и на едната и друга партија, а граѓаните повторно да бидат испровоцирани и изманипулирани.

РАПУВАЊЕ СО СРЕДНИ ПРСТИ БЕЗ РЕФОРМИ ИЛИ?

И додека едните поставуаат орли другите градат крстови, претставници на владеачката партија во Собранието играат рап покажувајќи средни прсти, меѓународната повторно ни кажа дека процесот со бараните реформи ни од далеку не е завршен, а изборите во јуни нема да бидат крајна станица за спроведување на итните реформски приоритети, ниту пак ќе има нови отстапки на бараните предулсови за оддржување на изборите. Дефинираниот датум од 5-ти јуни кој Груевски мораше да го прифати бидејќи во последен момент се свести да сфати оти не е балканскиот Башар ал Асад, е само потврда на категоричните пораки и безкомпромисност на Берлин, Вашинготн и Брисел, дека нема да дозволат избори по секоја цена, ниту пак закочување или одложување на целокупниот реформски процес, односно она што се нарекува одвојување на државата од партијата, владеење на правото, плуралност и независност во медиумскиот сектор. А бидејќи таките пораки со најотоврен и директен речник ни ги соопшти посредникот Питер Ван Хауте, притоа кажувајќи ни дека тој резот на итни реформски приоритети е длабок и болен, особено за оние кои ја заробиле државата, очекувано е и за него, а за и Брисел што владеачкиве решиле да го снајде истата судбина како што на времето го снајде и Роберт Фровик. Барем ВМРО за таквите потези има и претходно искуство.

Доколку бевме серизно општество со критички однос кон нашата идина, сите ние како граѓани требаше да застанеме во одбрана на посредникот Ван Хауте и она кое што тој го порачува и му ја искажеме нашата поддрка. Кога некој најдиректно ви порачува дека одлуките донесени со консензус се најодржливи и добри за иднината на државата и демократијата, кога најотворено ви вели дека клентелизмот на секое ниво и високата корупција се уште царуваат во оваа земја и мора час поскоро да запрат, тој едниствено може да биде непријател на оние кои крадат и се корупмирани, ама во никој случај на граѓаните и иднината на оваа земја. Нам ни е потребно враќање на институциите на прав пат, правилно образование, овозможување на владеење на правото, и заради сето тоа кориситење на експертизата која овој посредник недвојбено ја има, а не омаловажување и исмевање на неговата личност поради неговата духовитост на социјалните мрежи, или пак обвинување за заземање партиска страна. Во која мера ќе продолжи одвивањето на започнатиот процес како сериозни медиумски и правни реформи, прочистен избирачки список и враќање на правите вредности, во прв ред ќе зависи од нас и институциите кои ги плаќаме, а не од некој белгијски или европски посредник и експерт како и да се викал. Но, во услови кога сами докажавме дека неможеме, ниту сме доволно кадарни а ниту волјни, посредниците кои се залагаат за сериозни реформи, се борат за прави вредности, оторени луѓе и општества во кои секој може да каже што сака без страв и биде слушат од другиот, треба да бидат оние што ќе бидат почитувани и славени ,а не протерувани. Можеби после среда Ван Хауте нема повеќе да биде оној кој ќе посредува меѓу паритте, но тој или како и да се вика новиот бриселски посредник ќе ја има истата улога и барања, бидејќи барањата кои овде ги испорачуваат медијаторите и посредниците се барања за вредности, правила и критериуми на државите од демократискиот свет кон кој се стремиме, а не вашите споменици за орли и крстови.

Поврзани новости