Палмер: Март е достижен рок за Македонија за отворање на преговорите

by fokus

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, во интервју за „360 Степени“, вели дека на Македонија не и било дадено „Не“ за ЕУ, туку едноставно не бил постигнат консензус.

„Би почнал со тоа да потенцирам што Европскиот совет направи или не направи. Не и беше кажано „не“ на Северна Македонија, не беше одбиена да почне пристапни преговори туку, едноставно, не беше постигнат консензус. Она што земјите-членки на ЕУ го направија беше дека кажааа оти ова прашање ќе го разгледуваат во рамките на натамошна поширока дискусија за проширувањето со мисла за постигнување договор оваа пролет,  можеби веќе во мај. Она што ние сакаме да го правиме е да работиме со нашите европски партнери за да ги охрабриме за позитивна одлука на Европскиот совет заради што е можно поскоро отворање преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, се надеваме дека веќе март би бил достижен рок. Не би сакал да зборувам за тоа дали ова е закана за Преспанскиот договор. Јас, ние сакаме да бидеме фокусирани на европската перспектива на С. Македонија и на што е можно побрзо отворање преговори за членство“.

Тој зборува и за Преспанскиот договор, односно го коментира ставот на опозицијата дека доколку имаат двотретинско мнозинство ќе го ревидираат овој договор.

„Силно го поддржуваме Преспанскиот договор. Сметаме дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на С. Македонија, Грција, поширокиот регион. Би сакале ова да се движи напред… Разбираме дека е во тек политичка кампања, дека политичарите ќе направат се што можат пред граѓаните. Стретешки гледано, сметаме дека сите инволвирани ќе ја разберат важноста на одржување силно партнерство меѓу С. Македонија и Грција и ќе соработуваме со нашите партнери во Скопје, без оглед кој ќе победи во изборниот процес, во поддршка на целите на САД и на европската иднина на С. Македонија“.

На прашањето, значи ли тоа дека е невозможно што било да се направи со Преспанскиот договор и неговата суштина откако Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, Палмер вели:

„Не би сакал да зборувам за хипотетички работи. Повторно ќе ја потенцирам силната американска поддршка на Договорот и на партнерството со Северна Македонија кое наскоро ќе стане сојуз. Ова е највисоко ниво на односи што САД го имаат. Преспанскиот договор е суштински за европската перспектива и евроатлантската интеграција и силно го поддржуваме неговото целосно спроведување“.

Поврзани новости