Палестинските власти го раскинаа договорот со Израел за донација од милион дози вакцини против коронавирус со објаснување дека не им требаат вакцини чиј рок на важење истекува.
-Откако техничките екипи на министерството за здравство ја прегледа првата пратка од Фајзер вакцините вечерва од Израел, утврдено е дека таа не ги задоволува карактеристиките предвидени со договорот. Владата одби да ги прими вакцините на кои наското им истекува рокот на траење, рече портпаролот на владата Ибрахим Мелхем.
Претходно беше објавено дека Израел ќе им даде милион дози на Палестинците за да се забрза вакцинацијата на Западниот брег на Појасот Газа.
Според договорот, Палестина прифатила да му даде на Израел реципрочен број на дози од една од своите пратки кои би требало да стигне на рајот на годинава. Израел беше изложен на критики дека требало да ги направи подостапни вакцините за Палестинците. Околу 55 отсто од израелските државјани целосно се вакцинирани, а околу 30 отсто од Палестинците примиле барем една доза.
Во меѓувреме, медиумите јавија дека девет Палестинци биле повредени, а десет уапсени во судир со израелската полиција во источниот дел на Ерусалим.
Околу илјада Палестинци се собрале денеска по молитвата пред џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот, носејќи палестински знамиња и извикувајќи „Бог е голем“. Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата, кои ги чувале влезовите на храмот.
Во полициското соопштение се наведува дека неколку десетици млади луѓе го нарушиле редот и почнале да гаѓаат со камења. Тројца од повредените Палестинци се хоспитализирани. Полицијата ги растерала со гумени куршуми, шок бомби и употребила физичка сила, соопшти палестинската Црвена полумесечина.