Палестина ја одби донацијата од еден милион вакцини, им истекувал рокот

by Fokus

Палестинските власти го откажаа договорот со кој требаше да добијат од Израел најмалку еден милион вакцини против ковид-19. Палестина вели дека вакцините „Фајзер“ кои што требале да ги добијат биле многу блиску до истекување на рокот на употреба.

Претходно, Израел соопшти дека нема потреба од овие вакцини и дека ќе се користат за да се забрза вакцинацијата во Палестина. За возврат, Палестинците требаше да му дадат на Израел слична количина вакцини од пратка која што ја очекуваат од „Фајзер“ подоцна годинава.

Портпаролот на Палестинските власти Ибрахим Мелхем кажа дека првичната испорака на околу 90.000 дози не ги исполнува спецификациите содржани во договорот и соодветно на тоа, премиерот Мохамед Штајех му дал инструкции на министерот за здравство Маи Алкаила да го откаже договорот.

Алкаила кажа дека вакцините од Израел требало да имаат рок на употреба до јули или август, но кога пристигнале, виделе дека рокот им истекува во јуни.

Поврзани новости