Пак се намали бројката, ДИК ќе проверува само 89 илјади гласачи

by Фокус 08:36
08:36

Бројката на избирачи за теренска проверка се намалува затоа што во дополнителна проверка, Комисијата утврди дека едно лице се појавува како дупликат по повеќе основи и по прочистувањето стигнато е до конечната бројка.

Инаку, во избирачкиот список има вкупно 188. 820 гласачи кои е неопходно да се проверат. Во нив влегуваат и овие 89. 383 кои ќе се проверуваат на терен. Останатите ќе се проверуваат административно. За оние 124 илјади за кои во ДИК се сомневаат дека се во странство се уште не е познато како ќе се постапи. Се знае дека нема теренски да се проверуваат, но ќе мора да се најде начин за контрола затоа што стравувањата се дека токму преку нив се краделе идентитети и се злоупотребувале нивните имиња во гласачкиот процес.

- Advertisements -

Поврзани новости