Пајак службите на Градот и општина Центар ги расчистија автомобилите под мостот „Гоце Делчев“

by fokus

Пајак службите на Град Скопје и општина Центар ги кренаа непрописно паркираните возила под мостот „Гоце Делчев“ во Центар по рекациите на граѓаните.

„Ова не е паркинг простор. Возилата се паркирани и во зеленило и е затворена пешачката патека“, се жалат граѓаните.

Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Центар Саша Богдановиќ, се децидни дека редовно ќе се чистат јавните простори од непрописно паркирани возила.Апелираат граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.

Поврзани новости