Пахор: Западен Балкан во ЕУ за намалување на безбедносните ризици

by fokus

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави денеска по состанокот на Вишеградската група во замокот Лани дека го поддржува геополитичкиот приоритет на сегашниот самит, односно поддршка за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Пахор истакна дека Словенија го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, бидејќи тоа доведува до намалување на безбедносните ризици.

Тој рече дека безбедносните ризици на ЕУ ќе се зголемат доколку Западен Балкан не биде интегриран или му се одложува членството.

Тој истакна дека поддршката на В4 и Словенија за целиот регион е многу важна.

„Наша обврска како членки е да објасниме на ЕУ потреба за проширување. Јас разбирам дека некои веруваат дека ЕУ прво треба да се консолидира внатрешно, но предлагам да не забораваме на проширувањето за време на спроведувањето на реформите во рамките на Унијата, особено во Западен Балкан. Може да има лоши последици за ЕУ ако заборави на проширувањето“, рече тој.

Поврзани новости