Пахор: Треба да најдеме начин Бугарија да даде зелено светло

by Fokus

Словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи денеска дека една од првите задачи при претседавањето на Словенија со ЕУ од 1 јули ќе биде деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија. Според него, тоа сега е и морално прашање за Европа, а не само политичко.

-Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија, изјави Пахор за словенечката новинска агенција СТА, пренесе МИА.

Претседателот на Словенија вели дека е свесен оти тоа нема да биде лесно.

-Освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло, вели Пахор, но додава дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.

Според него, напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот и дека ситуацијата сериозно ја покажува и неодамнешниот указ на американскиот претседател Џо Бајден за замрзнување на имотот и забрана на секој што придонесува за дестабилизација на тоа подрачје.

Поврзани новости