Паднала од прозорецот од станот во кој живеела

by Fokus

Триесет и едногодишната Н.Н. од Гостивар вчера паднала од прозорец од четвртиот кат на станот во кој престојувала, информираа од МВР.

Според полицијата, од паѓањето, гостиварчанката се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, итно била префрлена на скопските клиники.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости