Паднал во Градски парк со мопед

by fokus

Вчера во 2:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на пешачката патека во Градскиот парк мопед „Вангје“ со скопски регистерски таблици управуван од А.Б.(32) од Скопје изгубил контрола и паднал на патеката.

Од незгодата со повреди се здобил моторциклистот кој со друго возило бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости