Паднал од тераса и завршил во Ургентен центар

by Fokus

Триесет и четиригодишен скопјанец паднал од тераса и завршил во Ургентен центар во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19,10 часот во Скопје од стан на ул.„Џон Кенеди“ од тераса од третиот кат, паднал Ф.Ш.(34), и истиот со возило на итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди (масивно нагмечување на градниот кош и белодробните крила) и истиот е задржан на понатамошно лекување.

Поврзани новости